Се очекува откуп на 25 млн. килограми тутун

Bez autora
Nov 15 2010

Се очекува откуп на околу 25 милиони килограми тутун од годинашнава реколта. Министерството за земјоделство упати апел до тутунопроизводителите да не ги мешаат сортите тутун за да не се создаваат проблеми при откупот. Како што се договоривме пред неколку дена со тутунопроизводителите и претставниците на тутунските здруженија, откупните листи ќе бидат предадени денеска, 15 ноември, а сите заеднички ќе вложиме максимални напори годинашниот откуп да биде регуларен и добро организиран. Струмичките тутунари собираат потписи против резолуцијата на Канада за исфрлање на адитивите од бленд-цигарите. Околу 600 тутунопроизводители од Струмичко се спротивставија на иницијативата ориенталниот тутун да се забрани во производството на цигарите.

Се очекува откуп на 25 млн. килограми тутунСе очекува откуп на околу 25 милиони килограми тутун од годинашнава реколта.

Министерството за земјоделство упати апел до тутунопроизводителите да не ги мешаат сортите тутун за да не се создаваат проблеми при откупот.

„Како што се договоривме пред неколку дена со тутунопроизводителите и претставниците на тутунските здруженија, откупните листи ќе бидат предадени денеска, 15 ноември, а сите заеднички ќе вложиме максимални напори годинашниот откуп да биде регуларен и добро организиран“, изјави министерот Љупчо Димовски.

Струмичките тутунари собираат потписи против резолуцијата на Канада за исфрлање на адитивите од бленд-цигарите. Околу 600 тутунопроизводители од Струмичко се спротивставија на иницијативата ориенталниот тутун да се забрани во производството на цигарите.

Предупредуваат дека со евентуалната забрана, илјадници семејства што егзистираат од тутунот ќе останат во сиромаштија. Од здружението на тутунопроизводители „Јака“ остро демантираат дека ориенталниот тутун има штетни својства. Но, освен иднината на тутунот, ги загрижува и висината на цената годинава според која ќе се продава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik